ПО ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – СЛЕДУВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ЗАЛАДУВАЊЕ

|

Вечерва полека облачноста ќе се зголемува, а до крајот на денов температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 20 степени.

Инаку од утре па натаму ќе имаме повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и тоа во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Температурите и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи од дожд ќе има на повеќе места и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Услови за врнежи од снег во вторник ќе има и на некои места со помала надморска височина, и тоа особено во северните предели. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.

Температурите во вторник ќе бележат тенденција на позначителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

И во Скопскиот регион од утре па натаму ќе има зголемување на облачноста и ќе има услови за повремен локален дожд. Поголеми услови за врнежи ќе има во вторник, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец и ќе има заладување на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаМожете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki