Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ долго ја спојуваа со Марија Шерифовиќ, а сега осамна на фотографија со машко: Џејла Рамовиќ е во љубов?

|

Откако Џејла победи во „Ѕвездите на Гранд“ пред две години, не престана да се пишува за природата на нејзините блиски релации и наводна врска со нејзината менторка Марија Шерифовиќ.

И додека сите шпекулираа за емотивниот статус на Џејла и за природата на блискоста со Марија, меѓу менторот и учесничката всушност се разви искрено пријателство, кое е познато и искрено поддржано од сите членови на семејството на младата пејачка.

Сепак, по сите шпекулации на профилот на Џејла, конечно се појави нејзина фотографија во блиско друштво со маж.

Имено, таа објави фотографија на која е со популарниот Амер Кадиќ, инаку познат влогер и пријател на познатиот јутјубер Давор Гербус и на која се гледа дека се среќни. Дали и вљубени и интимно блиски? Е тоа допрва ќе откриваме!