Почна продажбата на новиот Toyota GR Yaris во Европа

ИЗВОРНов Лист
|

Конечно пристигна моментот Toyota да го претстави новиот модел и во Европа. Веќе е познато дека моќноста се изведува од 1,6-литарскиот трицилиндричен турбо мотор кој е моментално најмоќниот од овој вид, и кој испорачува 261 КС и 360 Nm максимален вртежен момент кои се испорачуваат на сите четири тркала благодарение на шестстепениот мануелен менувач и првиот оригинален систем за погон на двете осовини на Toyota по 20 години.

За помалку од 5,5 секунди овој модел достигнува брзина од нула до сто, додека максималната брзина е електронски ограничена на 230 километри на час. Моделот GR-Four AWD нуди три возачки режими – Normal, Sport и Track, делејќи го вртежниот момент меѓу осовините на 60:40, 30:70 и 50:50, соодветно.

Новиот модел иако сличен со регуларниот Yaris, се разликува по тоа што задниот дел е целосно специјален, со двојна суспензија на носачот, наместо торзиона оска. Покривот е понизок за 95 милиметри и е направен од карбонски полимер, додека спојлерите, вратата од багажникот и хаубата се направени целосно од алуминиум. Официјалната тежина на автомобилот е 1.280 килограми.

Почетна цена на новиот Toyota GR Yaris изнесува 33.200 евра во Германија.