Почнува меѓународниот боксерски турнир „Загреб Гранд при 2021“ – Лео Јовановски и Арсим Етеми ќе ги бранат боите на Македонија

|

Утре започнува третиот Меѓународен боксерски турнир „Загреб Гранд при 2021“, а овој пат од македонските боксери учество ќе земат Лео Јовановски (75 кг.) и Арсим Етеми (81 кг.), под водство на искусниот тренер Руждија Калач, кој од пред некое време Боксерската федерација на Македонија го врати во своите редови.

Македонската екипа е веќе во Загреб и напорно се подготвува за натпреварите.

Покрај нашата земја, на турнирот учество ќе земат боксери од речиси цела поранешна Југославија, но и од Европа, односно боксери од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Украина и Романија.

Финалните бор-би ќе бидат на 4 декември, а победниците ќе добијат по 1.000 евра, оние на второ место по 500, а освојувачите на бронзенит емедали по 250 евра.