Овен (21.03 – 20.04)
Можно е одлуките кои ќе ги донесете викендов да влијаат на вашето деловно поле во иднина. Во љубовта ве очекува прилика за флерт со зафатено лице или со некој кој е пред самиот крај на врската или бракот.
Бик (21.04 – 21.05)
Можете да очекувате решение за некои проблеми и околности кои ви претставуваа голема дилема во претходниот период. Во љубовта слободните ги очекува интересно познанство.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да немате доволно доверба во деловниот партнер или ви се чини дека не е максимално посветен на работата. Во љубовта саканото лице ќе биде многу расположено да ви угоди и да ви подари внимание.
Рак (22.06 – 22.07)
Овој викенд нема да имате премногу работа, па ќе можете да се опуштите. Пред вас е убав викенд без стрес и грижи. Во љубовта ќе ви се случат убави промени и возбудливи нешта.
Лав (23.07 – 22.08)
Можно е за време на викендот да ви се појават сосема неочекувани деловни обврски. Во љубовта можете да се надевате на сосема стабилна состојба.
Девица (23.08 – 22.09)
Можете да очекувате позитивни пресврти кога станува збор за работата. Конечно ќе ви се врати насмевката на лицето. Во љубовта односот со саканото лице се менува на подобро и во вас се буди надеж за поправање на работите.
Вага (23.09 – 22.10)
Можете да се надевате на убави вести поврзани за вашето поле на финансии. Ќе сакате да го почастите семејството и пријателите за тоа. Во љубовта отворено ќе ги покажувате емоциите кон саканото лице.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Овој викенд ќе ви биде работен, комуникацијата со колегите ќе ви биде одлична и ќе бидете генерално задоволни од целата атмосфера. Слободните ги очекува нова прилика за романтична врска.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можно е да не го остварите она што сте го замислиле, но доколку побарате помош од пријателите шансите за успех се поголеми. Соберете го друшвото кај вас и завршете ја работата. На љубовното поле ве очекува убав викенд исполнет со емоции.
Јарец (22.12 – 20.01)
Поведете семтка за тоа да не преземете туѓи заслуги за нешто што всушност не сте го изработиле вие. Ќе бидете јавно осудени доколку го сторите тоа. Оние во брак или врска ќе имаат солиден викенд, слободните нема да имаат некои посебни шанси.
Водолија (21.01 – 19.02)
Нема да функционирате баш најдобро за време на викендот, ќе бидете поспани и ништо нема да можете да сработите. Па подгответе се добро, бидејќи од понеделник ве очекува двојна работа. Можна е мала забуна во контактот со саканото лице.
Риби (20.02 – 20.03)
Можеби нема да можете да очекувате искреност од вашите луѓе. Ќе имате некој проблем за кој имате многу различно размислување од пријателите и семесјтвото. И саканото лице ќе делува ладно и дистанцирано.