Новак Ѓоковиќ за свое живеалиште го одбра Монако.Кнежеството е негова адреса поради мирот што му го нуди но и поради ниските даноци.
Тој со сопругата Јелена живее во апартман со сопругата Јелена и двете деца. Станот има прекрасен поглед на море во кој секој има свое катче па дури и куќниот љубимец кој ужива на терасата.
И Јелена често ја користи терасата за вежбање додека Ноле игра на тениските терени ширум Европа.
Јелена и Новак се станари какви што може само да се посакаат: Соседите откриваат какви се додека престојуваат во Белград
Во паузите помеѓу тениските обврски најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена, синот Стефан ќерката Тара, и дадилката дојде во Србија.
Соседите велат дека Новак го гледаат повеќе од Јелена, не се однесува како да е многу позната личност, разговара со сите и знае добро да се нашали.
– Новак го гледаме почесто од Јелена, тој потполно опуштено излегува со децата и си игра со нив. Иако е јавна личност и најпознат тенисер на светот, нема проблем сосема опуштено со сите да си направи муабет и да прошета со семејството низ маалото. Зборува со останатите мајки и татковци со кои си играат неговите деца. Јелена е спротивното не излегува многу надвор, а и да излезе кратко се задржува и влегува веднаш внатре. Не се задржува надвор – вели баба Елица и додава:
– Заедно одат до блискиот маркет да си ги купат потребните намирници. Баба Елица вели дека сами ја готват храната. Дадилката дојде со нив од Монте Карло, а мислам дека никој во станот не им помага, се прават сами. Новак се поздравува со сите и насмеан разменува збор, два: „Добар ден“ „Како сте, што правите“? Се фотографира со сите што ќе му се приближат. Баш бев сведок на една ситуација во која група на луѓе се мислеа дали да му пријдат или не. На крај он отиде и се шалеше со нив. Мислам дека неговата величина е баш во таа едноставност што ја поседува и тоа што популарноста не му е ништо значајно.
Соседите велат дека станот во Белград им е често жив, дека тука често доаѓаат родителите и пријателите.