Погледнете ги рацете: Начинот на кој ги држите открива нешто интересно за вашиот карактер

ИЗВОРНов Лист
|

Нобеловецот Роџер Волкот Спери е заслужен за истражувањето што покажало дека однесувањето на поединците може да зависи од тоа кој дел од мозокот им е поактивен – левата или десната хемисфера. Проверете на кој начин ги држите рацете така што инстинктивно ќе ги испреплетете и потоа забележете како ги наместивте палците.

1. Левиот палец е горе – Вие сте практични и ретко се одлучувате на брзина. Пред да дојдете до некаков заклучок, внимателно ги разгледувате сите предности и недостатоци на планот. Исто така, многу е тешко некој да ве измами бидејќи имате добра интуиција и секогаш знаете кога некој ве лаже.

Токму затоа и многу ги цените вистинските пријатели и семејството, а сите тие често доаѓаат кај вас за совет. Но, тоа не значи и дека сте постојано сериозни. Баш напротив, вашата специфична смисла за хумор ве прави привлечни за дружба. Вие исто така сте и романтичари и знаете точно како да ја шармирате другата страна.

2. Палците се во рамнина – Вие верувате дека и најмалите нешта се важни бидејќи сè е во деталите. Вие сте перфекционисти во сè што правите и очекувате подеднакво ниво на посветеност и концентрација од другите. По природа сте лидери, што не значи дека не сте чувствителни на туѓите потреби или дека не ги уважувате туѓите склоности.

Секогаш го цените мислењето на другите и се обидувате го разберете нивниот став пред да ја процените ситуацијата. Искреноста ви е најголемиот квалитет и со неа лесно ги разоружувавте другите. И во односите ја цените искреноста пред сè. Не се срамите да го искажете своето мислење, ниту пак ги спречувате другите да го искажат своето.

3. Десниот палец е горе – Ве краси висок коефициент на емоционална интелигенција. Лесно сфаќате што другите чувствуваат и кога се обидуваат да го скријат тоа од вас. Таа ваша единствена способност ви ги олеснува односите со другите, па затоа и тие лесно ви се отвораат. Тоа исто така ви овозможува и перспектива за да ги согледате нештата вон контекстот и надвор од рамките, за правилно да одлучите.

Способноста да ги разберете туѓите емоции и вашата топлина се тоа што најмногу ги привлекува другите кон вас. Во врските ги разбирате и неизговорените чувства на партнерот и затоа никогаш немате проблем со неговите/нејзините емоционални потреби.