Повеќе пари следуваат догодина, за плати, надоместоци, стоки, услуги, нови вработувања. Буџетот за идната година предвидува и повеќе пари за капитални прокети, но и помали суми за задолжување од годинава.
Буџетарите ќе потрошат и близу 6 милиони евра повеќе за патни трошоци и дневници. За греење, телефони и превоз ќе има за 12 милиони евра повеќе од лани. За договорни услуги буџетот за догодина превдидел за 72 милиони евра повеќе, за превиремени вработувања државата ќе потроши два и пол милиони евра повеќе од годинава.
Зголемување се предвидува и за капиталните инвестиции, од 20%, кои треба да го поттикнат растот. Фокусот на буџетот и догодина ќе биде здравството и поддршката на стопанството и најранливите граѓани.
На сајтот на собранието е веќе објавен буџетот и наскоро пратениците ќе треба да ја почнат расправата по него. Во предлогот има повеќе пари и за нив. Ставката за плати за Собранието е поголема за 875 000 евра, а за патни трошоци има 220 000 повеќе од годинава.