Полесно варење на храната и поголема концентрација: Ова е билката која помага за многу проблеми

ИЗВОРСкопје24
|

Рузмаринот е лековита и зачинска билка. Расте во форма на грмушка и нараснува до три местри во висина. Има тенки листови кои даваат пријатен мирис и се одличен зачин за бројни медитеријански јадења. Одамна е позната неговата лековитост, особено во медитеријанските предели.

1. Помага во проблемите со варење на храната
Чајот од рузмарин се користи кај дигестивните проблеми (надуеност, забавување на варењето), ревматски тегоби, проблеми со жолчката. Рузмаринот ја стимулира уринарната екскреција и добро делува на јетрата. Ефикасен е против бактерии (Staphylococcus, Streptococcus, Escherichia) и габи (Candida).

2. Подобра концентрација
Маслото од рузмарин служи за проширени вени, циркулација, го подигнува притисокот и овозможува подобра концентрација и помнење. Посебно е ефикасен во подобрување на функцијата на јетрата и жолчната киселина, што допринесува подобрување на општата состојба на целиот организам.

За отстранување на одредени болести, се пие чај од рузманин, дневно по две шолји. Познато е и дека одлично влијае на мозокот, што покажале и некои истражувања, меѓутоа, тоа е само една од низата на неговите позитивни карактеристики.

3. Свеж или исушен рузмарин?
Кога имате можност да бирате, секогаш одбирајте свеж рузмарин наместо исушен, бидејќи е побогат со вкус и арома. Пред самото готвење, рузмаринот поминете го под млаз вода и исушете го такашто ќе го тапкате. Во поголемиот број рецепти, потребни се игличките на рузмаринот, кои можете едноставно со еден потег со раката, да ги отстраните од гранката. Но, исто така можете и целата гранка да ја додадете во супа или во јадењата со месо, без разлика дали при готвење или за декорација.