Попот кој го фрлаше крстот во Валандово „збесна” – „Багра народ што сте се собрале, срам да ви е“ (ВИДЕО)

ИЗВОРНов лист
|

Откако срамниот чин при фаќањето на крстот во Штип, каде врниците кои скокаа се „тегнеа” за него, па попот реши да го остави во црквата, скандал и во Валандово.

Попот во Валандово 3 пати го фрлаше крстот. По два неуспешни обида, бидејќи скокнале непријавени учесници, тој им се обрати со погрдни зборови на присутните и по третпат го фрли крстот.

Инаку, централната верска манифестација Богојавление – Водици беше во Скопје, каде за среќа се помина во најдобар ред, среќникот за оваа година беше 26-годишно момче.

Христијан Ниновски беше најсреќен меѓу над сто верници кои скокнаа во водите на Вардар по Светиот крст – на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Ниневски и лани го фатил Светиот крст од водите на Вардар.

– Чувството е прекрасно, Бог се јави… Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија, тоа им го посакувам на сите – изјави рече 26-годишниот Ниновски

Манифестацијата се одржа во центарот на Скопје, во близина на хотелот „Холидеј ин“. На верниците им се обрати поглавафрот на МПЦ г.г. Стефан.