Без разлика што дуелот помеѓу Србија и САД беше само пресметка за пласман од 5-8 место, а не големо финале на Мундобаскетот во Кина како што многумина предвидуваа, интересот во јавноста воопшто не изостана, а од Донгуан се пренесува буквално секој збор кажан од актерите на теренот.
Најинтересно сепак беше индиректното прераскажување на разговорот помеѓу двајцата селектори, Грег Попович и Александар Ѓорѓевиќ, а кој преку својот твитер-профил го пренесува познатиот коментатор на РТС, Слободан Шаренац.
„Попович во доверба до Ѓорѓевиќ: Ние сме е*ена група лузери“, напиша новинарот на српската национална телевизија.
Претпоставките се дека изјавата на Попович се однесува на двете селекции, кои не се најдоа онаму каде што се надеваа, а тоа е во позиција да се борат за златниот медал.