Поради снегот одложени натпреварите од ПМФЛ

ИЗВОРТелма
|

Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот.

Денеска на програмата беа пет натпревари, дербито требаше да се одигра на арената Тодор Проески каде Работнички се среќаваше со Шкендија, а лидерот Шкупи требаше да и гостува на Ренова.

Во останатите мечеви требаше да се соочат Академија Пандев – Борец, Брегалница – Пелистер и Струга – Македонија ЃП.

ФОТО: Игор Паневски