Поранешен играч на Вардар со нова функција, стана спортски директор на Црвена Ѕвезда

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешниот играч на Вардар од сезоната 2004/2005, Огњен Кајганиќ, во новата сезона ќе има нова функција. Левиот бек кој со неговиот љубовен живот беше повеќе популарен во шоу бизнисот , отколку во ракометот, стана спортски директор на Црвена Ѕвезда, објави порталот 24Ракомет.

Кајганиќ, заедно со старо-новиот тренер Предраг Перуничиќ ќе се обидат да го вратат белградскиот тим на старите патеки и да постават добра основа за понатамошно функционирање на клубот.

„Најважно за мене е што сум повторно дел од Црвена Ѕвезда. Од денеска почнуваме од нула, почнуваме да работиме, да се обидеме да го подигнеме што беше упропастено претходно“, најави Кајганиќ.

Тој покрај настапите за Вардар беше дел од ПИК Сегед, Спортинг Лисабон, Партизан, Железничар, Црвена Ѕвезда, Констанца, Босна, Конверзано и уште многу други европски екипи, но никаде не се задржа повеќе од една сезона.

Извор: 24Ракомет