Порасна Мина – Ќерката на Весна Бејби оваа година ќе биде полуматурантка (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Не за џабе старите рекле дека времето лета, па треба да уживаме во секој момент! Малата ќерка на Весна Петрушевска, Мина, оваа година ќе биде полуматурантка, а со фотографија за алманах гордата мајка се пофали на социјалните мрежи.

Како секоја урбана млада дама Мина со насмевка на лицето позираше пред фотоапаратот, среќна што ќе го продолжи своето образование во некое од средните училишта во Скопје.

Иако е рано за матурирање и матурска прослава, фотографиите за во алманах се прават неколку месеци подоцна, па поради тоа подготовките почнаа уште сега.

Инаку, нејзината мајка Весна пак, токму денеска слави јубилеен 50ти роденден, иако викендов се пофали со повеќе изненадувања кои и ги приредија најдобрите пријатели, со кои заедно прославија во еден од угостителските објекти во Скопје. Веруваме дека и мама е горда на Мина, но и таа е горда на својата прекрасна мајка која постојано реди успеси.

(Н.Ј.)