„Кралот“ на СЕХА-лигата и играч на Вардар, Игор Карачиќ, за жал од следната сезона нема да го гледаме во црвено-црниот дрес и ова натпреварување.
Игор Карачиќ е од самиот почеток на СЕХА-лигата, каде успеа да освои пет трофеи со Вардар.
Дефинитивно и Вардар и лигата губат со неговото заминување, а од медија тимот на СЕХА со посебно видео се збогуваа од ракометниот „моцарт“.
Европскиот ракометен шампион Вардар ќе добие уште 250.000 евра во својата клупска каза преку државниот проект ваучер-систем на донации, дознава „24 Ракомет“.
Поделбата на ваучерите од страна на Агенцијата на Млади и Спорт е веќе завршена, а врз основа на критериумите Вардар како актуелен македонски првак во ракометната лига треба да добие најголема сума на пари.
Освојувачот на Купот на Македонија, Металург, добива ваучер со вредност од 200.000 евра, Еурофарм Работник, второпласираниот во македонската лига е добитник на 180.000 евра. Ваучерот за Пролет вреди 150.000 евра, додека Прилеп треба да добие 130.000 евра. Ваучери има и за другите тимови, но кај нив сумите се помали.
Вадата веќе објави дека ќе го помогне еднократно двократниот освојувач на европската титула со 500.000 евра, додека исто така ќе помогнат и Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје со по 100.000 евра.