Утрехт синоќа играше во гости со Ексцелзиор во рамките на холандската Ередивизија, а нивната победата од 4:1 не беше толку важна колку што беше важно што играчот Симон Макенок постигна гол. Соиграчите толку многу се израдуваа на неговиот кам-бек и гол како да освоиле трофеј.
Во јули 2017 година Макенок, кој направи трансфер од Брондби во Утрехт, се повреди на меч со Лех Познањ во квалификациите за Лига Европа. Снимките покажаа кинење на лигаменти на коленото поради што направи операција и поради бавното задравување паузираше цела сезона. Туку што се врати наредната сезона одигра само три натпревари и повторно се повреди па мораше да оди на нова операција и нова долга пауза од речиси 12 месеци.
Симон од трибините ги гледаше своите соиграчи, а во меѓувреме во клубот се сменија тројца тренери. После долг период на рехабилитација и прилагодување на профи-фудбалот, Симон заигра за Утрехт на мечот со Ексцелсиор и во 90 минута постигна гол.
Данецот се расплаче, а играчите го тешеа и му аплаудираа заедно со навивачите.
„Ги пребродив сите кризи и сите тешки моменти. Имав многу проблеми но никогаш не размислував да се откажам. Има време за тоа. Само нека ме послужи среќата и сакам да продолжам да играм фудбал. Му благодарам на тренерот што не ме заборави и ми даде шанса да играм. Чувството да го работиш она што го сакаш е прекрасно“, изјави данскиот интернационалец.