Одлуката е донесена! Британецот Тајсон Фјури ќе ја брани титулата на 23 април, а ривал на Вембли ќе му биде сонародникот Дилан Вајт.
Тој сакаше Фјури да ја одбрани титулата во Кардиф, Велс, но сепак беше одлучено да се одржи на Вембли.
Тајсон Фјури го победи Дионте Вајдлер во септември минатата година и ги задржа титулите. Цел свет очекуваше меч со Ентони Џошуа, за да ги обедини сите појаси, но Александар Усик ги промени очекувањата откако го совлада Џошуа.
Долго време проблем за потврдување беа парите, односно делењето на истите. Фјури и неговиот тим сакаа таксата да биде поделена 80:20, на што неговиот ривал не сакаше да се согласи. Според ВБЦ, соодносот на хонорарот може да биде максимално 55:45 во корист на еден боксер, а Вајт е и привремен шампион.
Фјури и неговиот тим тврдеа дека тој е многу поголема ѕвезда, а аукцијата за организација на натпреварот заврши пред десетина дена. Победникот е промоторот Френк Ворен и неговиот Квинсбери.
Според пишувањата на медиумите, Фјури ќе добие нешто помалку од 33 милиони долари, а Вајт околу осум милиони. И двајцата ќе ја добијат најголемата заработка во нивните кариери, а потоа им следува и заработка од ТВ правата.