Повеќе од 1 милион луѓе се очекува да бидат присутни на прошталната церемонија на Марадона

ИЗВОРНов Лист
|

Целиот свет тагува по фудбалскиот бог Диего Армандо Марадона, а најтешко им е на неговите сонародници во Аргентина, кои вчера се збогуваа со легендата.

Прошталната церемонија за Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе се одржи во претседателската палата на Аргентина, „Каса Росада“. Според најавите се очекува настанот да трае 48 часа. Бројката не е официјална, но Владата процени дека станува збор за повеќе од милион луѓе кои ќе ја испратат легендата.

Диего Армандо Марадона ги бранеше боите на Бока јуниорс во периодите од 1981-1982 и 1995-1997 година, во дресот на Барселона (1982-1984 година) и Наполи (1984-1991 година).

Со „наполитанците“ двапати ја освои Серија А, а по еднаш Купот и Суперкупот на Италија, како и Купот на УЕФА, сегашна Лига Европа.

Како играч со репрезентацијата ја освои титулата на Светското првенство 1986 година во Мексико.

А беше и селектор од 2008 до 2010 година. Имајќи го во составот исто така еден од најголемите во фудбалската игра, Лионел Меси.