Овен (21.03 – 20.04)
Нема да имате премногу обврски во текот на денешниот ден. Можете да очекувате прилика да се одморите. За слободните многу е важно да пронајдат личност која им одговара во повеќе работи. Тоа ќе биде нивната цел.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате добри идеи за промена на работата и се што ви е потребно е помош од страна на соработник од доверба. Во љубовта ќе ви се допадне некоја личност која не е иста со вас и вашето потекло.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекува прилика да остварите деловен напредок. Можете да се надевате на подеми и признанија. Во љубовта доколку планиравте да официјализирате некоја врска, денот не е поволен за тоа.
Рак (22.06 – 22.07)
Доколку имавте некои грижи во врска со работата, денес ќе ги надминете. Пред вас е поволен ден. Во љубовта приврзани сте за својот партнер и сакате засекогаш да останете со него.
Лав (23.07 – 22.08)
Среќни околности ќе ве следат во текот на целиот ден, па ќе бидете во прилика да ги реализирате своите планови. Во љубовта ви одговара вашата слобода и не сте подготвени за нова врска.
Девица (23.08 – 22.09)
Потребно е да промените некои свои навики поврзани за начинот на работа доколку сакате да ги подобрите своите резултати. Во љубовта ви се допаѓа личност која на некој начин е поврзана со вашата работа.
Вага (23.09 – 22.10)
Пред вас е многу поволен ден. Некоја ненадејна добивка ќе ве направи среќни. Во љубовта доколку сте слободни ќе бидете повикани на интересна средба, не се двоумете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во текот на денешниот ден нема да постигнете успех доколку донесувате непромислени одлуки. Во љубовта доколку покажете доволно трпение и разбирање кон саканото лице, вашиот однос ќе се поправи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Некои нови одлуки се пред вас, па важно е да се потрудите и да бидете доволно мудри и промислени. Во љубовта сакате стабилност и со мали напори ќе успеете да ја воспоставите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате многу добра комуникација со деловното опкружување, па можете да очекувате солидна состојба на деловното поле. Можно е на љубовното поле да балансирате меѓу две различни личности кои ви подаруваат внимание.
Водолија (21.01 – 19.02)
Пред вас е ден во кој нема да имате стресни ситуации. Останете доследни на своите принципи и бидете упорни. Ви се допаѓа личност која на некој начин се издвојува од опкружувањето на кое сте навикнати.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат значајни промени на полето за работа и финансии. Конечно ќе го остварите напредокот на кој се надевавте. Во љубовта ќе играте на сигурно и нема да сакате многу да ризикувате.