Познатата пејачка открива како настанал хитот „Еј, Бранка, Бранка“ – Таа песна не ја напишал Тома

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Бранка Соврлиќ, која важи за една од најбогатите на естрадата, го гледала филмот „Тома“, а како и нејзините бројни колешки и таа имаше неколку замерки за ова остварување.

Бранка смета дека менаџерите во филмот не се претставени на вистински начин, туку како „шарлатани“, а се жали дека не се споменува нејзиниот сопруг Паја.

„Мојот сопруг беше генерален директор и не беше таков. Тој е прво универзитетски образован човек. Тој прв му организираше концерти, благодарение на песната „Еј, Бранка, Бранка“, изјави пејачката.

Пејачката откри и како настанал големиот хит на Томa Здравковиќ „Еј, Бранкa, Бранкa“.

„Таа песна не ја напиша Тома, туку Миша Марковиќ. Тогаш бев почетник, младa, штотуку ја објавив мојата прва плоча. Отидов во Ниш со автобус, а тој како добар колега ме возеше до станицата“, ја започна приказната пејачката, нагласувајќи дека се се случило спонтано.

„Го прашувам како прави песни, како оди, а тој ме гледа додека вози и вели: „Еј Бранка, Бранка кој е крив за нашата разделба“ и така настана песната. Тоа беше судбина. Поради таа песна Тома имаше сто концерти“, откри пејачката.