Култниот празничен филм го одбележа детството на сите нас, а еве ги три децении подоцна.
Поминаа 31 година од првиот дел на култниот филм „Сам Дома“, филмот на нашето детство, а актерите значително се променија, остареа, станаа сериозни… па никој од нив не изгледа како што ги паметиме денес.
Првиот празничен класик е снимен во 1990 година, а серијата филмови го прослави Меколи Калкин, кој го играше момчето Кевин Мекалистер, кој ја брани куќата од провалници.
Ниту една година не поминува без да гледаме реприза (по кој знае кој пат) на дел од познатиот филмски серијал.