Љупчо Николовски ја покажа својата убава сопруга – младиот брачен пар ужива во љубовта

|

Перспекривниот политичар и иден министер политичар од редовите на СДСМ од минатата години ужива во бракот со сопругата Андријана. Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, е горд на фактот што има таква сопруга покрај себе, па на својот профил на социјалните мрежи не ретко објавува заеднички фотографии.

Парот има свој начин да ја покаже својата љубов – некои купуваат цвеќе, а некои го следат во чекор својот партнер и го поддржуваат во сé што работи. Младиот политичар Николовски ја има оваа поддршка од својата сакана, па под една нивна заедничка фотографија од изниматите викенди, напиша:

„Душата на место, срцето исполнето. Доколку има добра мисла деновите се секогаш поубави. Наоѓајте секогаш време за оние кои ви се најмили, кои се тука за вас тогаш кога ви оди сè од рака, но и тогаш кога сте турнати во лоши мисли поради нешто. На крај на денот, за нив живееме. Сакајте се, чувајте се и имајте убав празничен викенд! Ве поздравувам од преубавиот Свети Наум“ напиша Љупчо на својот профил на Инстаграм.

Парот е по потекло од Крива Паланка, па за нивата љубов многу се зборуваше. Тие беа неколку години во врска, па по некое време ја прекинале врската, по што Андријана заминала во Словенија. Во тој момент таа работеше во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. По неколку години разделеност, тие случајно се сретнале на први јануари 2019 година и сфатиле дека љубовта е посилна од се’. Продолжиле таму каде што застанале, но овој пат многу позрели и поискусни.