Прекрасен трислоен десерт – од само шест состојки

|

Печење торти и колачи станаа популарни за време на кризата, а популарноста на овие активности не опаѓа. Луѓето сè уште пробуваат различни рецепти и се фалат со своите вештини на социјалните мрежи.

Еден од последните хитови што многумина решија да го испробаат е десерт од само шест состојки што се претвора во прекрасна трослојна торта.

Идејата ја сподели блогерот за храна „Jo Cooks“ пред неколку години, но рецептот не беше на англиски, па помина незабележано. Сега тоа се смени.

Потребни состојки се четири јајца, 150 грама шеќер во прав, лажичка екстракт од ванила, 125 грама путер, 115 грама брашно и 500 милилитри млеко.
Загрејте ја рерната на 160 ° C и подмачкајте го калапот во кој ќе ја испечете тортата. Одделете ги жолчките од белките.

Изматете ги жолчките измешани со шеќер додека не добиете мека смеса. Додадете го путерот и екстрактот од ванила и матете со жица за матење уште две минути, а потоа додадете го брашното и измешајте во компактна смеса. Полека започнете да го додавате млекото и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Изматете ги белките од јајца во цврст шлаг. Додадете ги белките во мешавината од жолчка и измешајте, но оставете ги белите парчиња шлаг да бидат видливи.

Истурете го тестото во сад за печење и печете 40 до 60 минути, додека горниот дел не добие златна боја.

Откако тортата ќе се олади, посипете ја со шеќер во прав.