Премиерот во ТВ интервју вечерва со важни информации за пензионирањето, можниот карантин, викенд без ДДВ –

|

Премиерот во вечерашното интервју на МРТВ, каде што одговара на прашањата кои му ги поставуваат уредниците од повеќе медиуми, вели дека е исклучително важно сите луѓе да ги почитуваат мерките и препораките за заштита. Според него мала е веројатноста дека повторно ќе има карантин, но сепак тоа зависи од сите нас.

„Маските на лице нè штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем. Тоа го знае и Комисијата. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни, баби и дедовци. Да ги почитуваме експертите“ – изјави Премиерот.

Тој истакна дека целиот процес кој се одвива во нашата земја е транспарентен, целосно отворен и го држи просекот од целиот регион.
– Ниту сме нешто повеќе, ниту сме нешто помалку во делот на успесите или неуспесите во справувањето со кризата. Верувам дека во иднина само транспарентноста и почитувањето на стручните луѓе ќе дава резултати. Имаме ние професионални лекари, сите се ставаат на располагање. Oгромна благодарност за нивната посветеност – рече Заев.

Очигледно дека треба да има позасилени контроли и повидливи резултати од санкционирањето, додаде тој.
Тој објасни дека никој не сака граѓаните да ги осиромаши со казни, но кога се работи со здравјето и животот, не смее да се тактизира и дека сите што не почитуваат мерки ќе бидат казнети.

Според Премиерот, ќе се донесе одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години.Ќе се предвиди можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години.

Реформите на пензискиот систем ќе опфатат и можност – пред полнење на 64, односно на 62 години да може да се докупи стажот – притоа граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување.
Според пресметките сумата на придонесите за пезниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.

Во своето интервју тој најави и една новина – викенд без ДДВ.
– Викендот ќе биде воведен пред почетокот на школската година бидејќи тогаш знаеме дека родителите повеќе трошат за дечињата – изјави Заев.