На Светското првенство во ракомет ќе се случи вистински преседан бидјќи поранешниот австралиски ракометар Калум Мунски ќе стане првиот човек кој играл и на Светско првенство за мажи и жени, откако го промени својот пол и сега стана жена.
Тој играше на светсото првенство во 2013 година за репрезентацијата на Австралија, но од 2016 година стана жена и сега се вика Хана Мунси.
Хана се истакнува со висина од 188 сантиметри и повеќе од 100 килограми, а со женската репрезентација тренира од април.
„Секогаш бев посебна. Поминав многу време во теретана и сфатив дека спортот ми помага на различни начини. Кога ја изгубив таа прилика светот ми се сруши, па е трудев да се вратам во спортот. Сега сум најсреќна жена на светот“, изјави Хана.
Меѓународната ракометна федерација се согласи Хана да учествува на квалификациите за СП 2019 година, бидејќи нејзиното ниво на тестостерон е под пропишаните граници.