Пресврт во Италија: Ибра не оди во Милан!

|

Откако му истече договорот со Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ стана слободен агент и неколку италијански клубови се заинтересирани да го донесат кај себе.

Тамошните медиуми тврдеа дека е се договорено да се врати во Милан, седум години откако си замина, но денеска дојде до пресврт. Познатиот новинар Џанлука ди Марѕио објави дека преговорите пропаднале поради ниската плата што ја понудиле „росонерите“. Раководството на Милан се обидело да го придобие Швеѓанецот не емоцинална основа, но не успеало.

Сега во комбинација остануваат Болоња, Наполи и Рома, но и клубови од Кина и ОАЕ кои не жалат пат да ја видат големата фудбалска ѕвезда во своите редови.