Претставничката на Црна Гора огорчена на Евровизија: Не покажавме тоа што сакавме

ИЗВОРНов Лист
|

Владана Вучиниќ, која ја претставуваше Црна Гора на овогодинешната Евровизија, не се пласираше во финалето на натпреварот.

По настапот за време на втората полуфинална вечер, Владана го изрази своето незадоволство од организацијата.

„Колку и да се трудевме за некои работи поврзани со самиот настап, нашите барања не беа уважени, бидејќи очигледно многу повеќе се трудат во земјите кои имаат повеќе пари“, вели Владана, а пренесува црногорскиот портал ЦДМ.

Црногорската репрезентативка призна дека е разочарана од организацијата која многу го оштетила нивниот тим и влијаела на незадоволителниот пласман.

„Гледачите мора да знаат дека не зависи од нас бидејќи сите вложивме многу труд, а доказ за тоа е што оваа година, на пример, го имаме можеби најдоброто видео и затоа изведбата требаше да биде интересна. Mораме сите да признаеме дека „Европа сигурно не очекуваше такво нешто од Црна Гора“, изјави пејачката.