|
Мохамед бин Салман, принцот од Саудиска Арабија не планира да се откаже од купувањето на Манчестер Јунајтед за кого се заинтересира во октомври 2018 година.
Тој планира наскоро да испрати нова, трета понуда до фамилијата Глејзер за мнозинскиот пакет акции во висина од 4,5 милијарди евра. Сан, сепак, тврди дека Кевин Глејзер е расположен да му продаде само 13% од акциите што веројатно не е доволно за милијардерот.
Фамилијата Глејзер го купи Манчестер Јунајтед за 790 милиони фунти пред 14 години, но оттогаш неговата вредност се искачи за најмалку 5 пати.