Принова во семејството Милошоски: Дариа, Михаела, Илина и Давид ќе добијат братче

ИЗВОРСкопје24
|

Антонио Милошоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи и неговата сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството.

Милошоски со радост ја сподели информацијата дека по петти пат ќе стане татко. Тој веќе ги има ќерќите Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).

Овој пат тие ќе добијат братче.

Во 1994 година Милошоски матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 г., кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во периодот 1999–2000 г. е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 г. е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 г. е редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари – мај 2000 г., пишува колумни во весникот „Дневник”.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 г. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Од 2006 г. беше Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 г. изјави дека се повлекува од местото министер за надворешни работи.