Проблемите се натрупуваат – Новак Ѓоковиќ без 40 милиони евра од главниот спонзор

ИЗВОРНов Лист
|

Светскиот број 1 тенисер, Новак Ѓоковиќ го загуби последниот обид да остане во Австралија и да игра на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната, откако федералниот суд ја потврди владината одлука да му се откаже визата за влез во земјата.

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија може сериозно да се одрази на бројните спонзорства на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ долго време го брендира Лакостa, а тоа е неговиот најисплатлив маркетиншки договор, кој неодамна беше обновен.

По се што се случи во Мелбурн, компанијата најави дека ќе разговара со српскиот тенисер.

„Што е можно поскоро, ќе го контактираме Новак за да ги разгледаме настаните што следеа по неговото присуство во Австралија“, изјавиле од Лакостa, според Бен Ротенберг.

Лакоста му носи на Ѓоковиќ сериозна сума на годишно ниво, а во 2021 година од спонзори добил близу 30 милиони долари, според Форбс.

Во август 2021 година, тој го обнови договорот со Лакоста, кој запрел во 2017 година, кога имаше голем пад во кариерата. Се беше надоместено по операцијата на лактот, Ѓоковиќ влезе во најплодниот период во кариерата и ја освои 20. Грен слем титула, па беше потпишан нов договор до 2025 година.

Според светските медиуми, Ѓоковиќ дотогаш би земал уште 40 милиони евра, но останува прашањето како ќе се осеќаат од Лакоста по депортацијата и судењето во Австралија.