Прва изјава на новиот тренер на Вардар

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот ракометен гигант, Вардар, само неколку денови по историскиот успех во Лигата на шампионите и новиот трофеј од Ф4 турнирот во Келн ја назначи замената за Роберто Гарсија Парондо, кој во иднина ќе седна на селекторското столче на Египет.

Од денес и официјално нов предводник на „црвено-црните“ е искусниот шпански стратег Давид Хозе Писонеро, кој ќе ја има задачата да состави нов тим кој повторно ќе биде конкурентен на европско тло и ќе атакува на својата трета титула во Лигата на шампионите.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави Писонеро.

46-годишниот Шпанец ако тренер почнал во Ваљадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на Светското првенство во 1993 година во Египет.