|
За граѓаните од православна вероисповед, 6 јануари 2020 година (понеделник) ќе биде неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Одлуката е донесена според Законот за празниците на РМ, поради тоа што православните верници на овој ден го прославуваат Бадник, денот пред Божик.
Воедно, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.