Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Дагестан и го посети ММА-борачот Хабиб Нурмагомедов, кој успеа да ја одбрани титулата во УФЦ со триумф над Дастин Поаире.
На Хабиб кој го бранеше тронот му беа потребни три рунди за да дојде до победата. Фантастично издржа притисок од еден напад на Дастин, а потоа му возврати и со супер-техника успеа да го „задави“.
Истата го одушеви и Владимир Путин, кој прво му се обрати на татко му на Хабиб, а потоа и на борачот.
„Би сакал да ви честитам за победата на вашиот син. Се работи за навистина вредна победа и според мое мислење против навистина силен противник. Победата е навистина импресивна“, му се обрати Путин на таткото на Хабиб, а потоа се сврте кон борачот:
„Ти уште еднаш покажа дека си феноменален. Имаш одлична техника на „давење“. Знаеш да го победиш ривалот, а да не го притиснеш за грлото, туку на двете страни на вратот. Баш онака како што се очекува. Искрено ти честитам за големата победа“, кажа рускиот претседател.
Нурмагомедов го чека следниот противник на УФЦ, а се шпекулира дека тоа ќе биде Тони Фергусон. Ако тој не прифати, можен е реванш со ирскиот борач и голем ривал Конор МекГрегор.