Работите се менуваат на „Камп Ноу“, пристигна нов херој во градот

|

Барселона синоќа со доста маки на „Камп Ноу“ го совлада Виљареал со 2:1.

Стравуваше актуелниот шпански првак за победата во овој меч се до самиот крај, но на крајот успеаја да дојдат до важни три бода.

Меѓутоа, навивачите на каталонскиот гигант не се нималку задоволни од она што го видоа, а дека не ги поднесуваат лошите игри и формата беше видливо во случајот со Луис Суарез.

Искусниот уругвајски напаѓач по излегувањето од игра доби жестоки свирежи од „Камп Ноу“ и се чини дека веќе Суарез не е недопирлив во Барселона.

Неговата замена е новиот херој на клубот. Младиот 16-годишен Ансу Фати направи многу повеќе во 15-тина минути колку што играше на мечот, отколку Суарез кој беше прилично очаен.

Фактот дека Суарез е надвор од форма сигурно не им помага премногу на Каталонците кои играат слабо на почетокот од новата сезона, а проблем повеќе претставува и повредата на Лионел Меси.