Рафаел Надал ја освои 14-та титула на Ролан Гарос и 22-риот Грен слем во кариерата(Фото)

ИЗВОРНов Лист
|

Рафаел Надал ја освои својата 14-та титула на Отвореното првенство на Франција, победувајќи го Каспер Руд во директни сетови (6-3, 6-3, 6-0) во финалето во 2022 година.

Шампионатот го зголеми рекордот на Рафа за најмногу титули на Отвореното првенство на Франција, а шампионот сега може да се пофали со импресивен рекорд од 112-3 во кариерата на Ролан Гарос. Сега тој ја има освоено титулата на Отвореното првенство на Франција во 14 од последните 18 години.

Со уште еден трофеј на земјени терени, Рафа сега има 22 грен слем титули, две повеќе од Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.