Ако им веруваме на светските медиуми, шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, се сериозно заинтересирани за македонскиот репрзентативец, Елиф Елмас.
Дваесет годишниот фудбалер ова лето се пресели од турски Фенербахче во редовите на Наполи, но неговата кариера може набргу да напредува во еден од споменатите шпански клубови, кои се при самиот врв во европскиот фудбал.
Елмас веќе запиша седум настапи за наполитанците оваа сезона, а на два меча настапи и во Лигата на Ебропа, против Ливерпул и Генк, што беше јасен сигнал за шпанските гиганти.
Според Калчомеркато, и Реал и Барса посебно внимаваат на развојот на младиот македонски фудбалер, додека ПСЖ исто така го следи секој чекор на Елмас.
Елмас импресионира и со одличните настапи во националниот тим, а последната одлична претстава ја имаше во квалификацискиот меч со Словенија кога постигна два гола.
Елмас се смета како потенцијална замена за Лука Модриќ на Бернабеу, со оглед на тоа дека се погласно се зборува за продажба на хрватскиот репрезентативец.