…Ренот го забрзува метаболизмот, дава енергија со што повеќе нема да бидете уморни.
Го поттикнува развојот на добрите бактерии во стомакот…
Овој лек е еден од најмоќните кој не само што ќе ви го подобри памтењето за 80%, туку ќе ги стопи и масните наслаги со кои се борите веќе со години наназад.
Клучната состојка на овој лек е ренот кој е богат со витамин Ц, калиум, витамини Б1, Б2 и Б6, како и железо, магнезиум и фосфор.
ЗДРАВСТВЕНА КОРИСТ ОД РЕНОТ:
-ја подобрува отпорноста на организмот, бидејќи содржи витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор, како и витамини од Б групата, се смета за природен заштитник од настинки, вирози и грипови и други сезонски болести.
-лутиот вкус го има благодарение на состојката гликозид синигрин, која многу поволно влијае врз синусите. Па така, при консумација ги отвора затнатите синуси, а инхалацијата со оваа билка помага да се ослободат сите дишни патишта.
-претставува природен антибиотик и конзерванс, бидејќи докажано спречува размножување на бактерии.
-го прочистува црниот дроб и затоа се препорачува за детокс кога сакаме да ги исфрлиме сите штетни материи од организмот
-ја подобрува и олеснува дигестијата, бидејќи ја поттикнува перисталтиката особено ако го консумирате со масни и солени намирници во текот на празничните денови.
-облози од рендан рен ја намалуваат вкочанетоста на мускулите, ревматската болка, главоболката (ако облогата се постави на теме неколку минути)
-ренот е чувар на срцето кој ја подобрува циркулацијата и делува превентивно кај кардиоваскуларни болести.
Напомена: активните состојки во ренот може да предизвикаат повраќање и дијареа ако се консумира во големи количини, одобено ако приготвувате тинктури од свеж рен со повеќе од 80 мл сок од рен.
Ренот најчесто се ренда свеж или се сечка на коцки, бидејќи со готвење ги губи своите лековити својства.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 г рен
4 лимони
3 лажици мед
2 лажици цимет
Мало парче свеж ѓумбир околу 2 см
ПОСТАПКА:
Во блендер испасирајте го ренот и ѓумбирот.
Лимонот исцедете го, сокот додадете го во блендерот и добро измешајте. На крај додадете цимет и мед.
Добро изедначената смеса складирајте ја во стаклена тегла.
УПОТРЕБА:
Двапати дневно по една лажица пред оброк, а ако вежбате пред тренинг.
Практикувајте го ова три седмици и кога ќе ги видите феноменалните резултати нема да се покаете.