Рецепт кој сите ќе ви го бараат: Еве како да направите неодоливи домашни кифлички

ИЗВОРНов Лист
|

Меко тесто и лепеза од вкусови е вистинскиот опис за овие домашни кифлички, кои се идеално решение за вечера или појадок.

Состојки: – 100 мл. млеко – 100 мл. вода – 100 мл. масло – 1/2 лажица сол – 1/2 лажица шеќер – 1 кесичка сув квасец – околу 500 гр. брашно.

За полнење: – 300 гр. горгонзола – кари – хималајска сол – бибер – маслиново масло – босилек.

За премачкување: – јајце и сусам.

Подготовка:

Во соодветен сад истурете го брашното, додадете го сувиот квасец, солта, шеќерот, промешајте и додадете млако млеко, масло, млака вода и замесете го тестото.

Оставете го да отстои половина час. За тоа време, пропржете ја горгонзолата на загреано масло, зачинете по вкус и оставете да се излади. Откако ќе нарасне тестото, растегнете го во голем круг и сечете го на тријаголници. Во секоја кифличка ставете по една лажица од намирниците за полнење и завиткајте.

Посипете со сусам и премачкајте со јајце. Печете на 180 степени 20 минути.