Борко Ристовски со препознатлив гест ја пееше химната на Македонија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Голманот Борко Ристовски со препознатлив гест ја пееше државната химна пред натпреварот со Исланд.

Ристовски со веќе традиоционална порака блиску до срцето ја пееше химната со симболот за „Обединета Македонија“ .

Борко е фантастичен на голот. За разлика од првата средба на гостувањето кај Исланд, „министерот за одбрана“ не само што ја спушти ролетната пред својот гол, тој се запиша во листата на стрелци.

Борко Ристовски одлично го почна натпреварот против Исланд и во првите три минути собра три одбрани. Кулминација на добрата партија на голманот на Бенфика беше голот од еден на друг гол за 7-7 во 17. минута.

Борко ја искористи играта без голман на Исланѓаните и казни со гол кој значеше подигање на адреналинот и ерупција на гледалиштето.