По Дуа Липа и Рита Ора со твит поврзан со Косово наместо со музика

|

Денес објавивме дека познатата поп-пејачка Дуа Липа, реши да постави провокативна порака на социјалните мрежи, поврзана со политиката на Балканот, веста може да ја прочитате овде:

Дуа Липа со објава која го запали цел Балкан

Покрај неа, во текот на денот се јави уште една светска поп-ѕвезда со албанско потекло – Рита Ора, која го сподели следниот твит:

Во својата твит-порака, таа бара од Епл, да го вклучат Косово на своите мапи за сите корисници на Епл призводите, бидејќи Косово и Албанија имаат прекрасни луѓе и многу талент. Според неа, на овој начин таа шири љубов, мир и единство.

Пораките доаѓаат во период кога сериозно се разгледува прашањето за решавање на конечниот статус на Косово, и се очекува да продолжат преговорите помеѓу српска и косовска страна како и вклученоста на ЕУ и САД.