РК Вардар со специјално видео се прости од ракометарите кои го напуштија клубот

ИЗВОРСкопје24
|

Вардар преку социјалните мрежи им се заблагодари на ракометарите кои заминуваат и на Роберто Парондо.

Шест ракометари и тренерот Роберто Парондо си заминуваат по освојувањето на Европската круна, нивните трансфери беа претходно договорени.

Клубот преку социјалните мрежи им се заблагодари на играчите кои си одат.

„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораес, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо. Заедно се радувавме на одличните моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех. Среќно!“, пишува во пораката на Вардар.

Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо. Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.СРЕЌНО!

Gepostet von RK Vardar am Donnerstag, 13. Juni 2019

Македонскиот ракометен гигант, Вардар, само неколку денови по историскиот успех во Лигата на шампионите и новиот трофеј од Ф4 турнирот во Келн ја назначи замената за Роберто Гарсија Парондо, кој во иднина ќе седна на селекторското столче на Египет.

Од денес и официјално нов предводник на „црвено-црните“ е искусниот шпански стратег Давид Хозе Писонеро, кој ќе ја има задачата да состави нов тим кој повторно ќе биде конкурентен на европско тло и ќе атакува на својата трета титула во Лигата на шампионите.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави Писонеро.

46-годишниот Шпанец ако тренер почнал во Ваљадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на Светското првенство во 1993 година во Египет.