Рокот за поднесување барања за државна помош истекува денес

ИЗВОРНов Лист
|

Денес е последниот рок за поднесување барања за исплата на плати за октомври, ноември и декември, откако Управата за јавни приходи во вторникот одлучи да го продолжи рокот за поднесувањето до 12 ноември.

Поради доцната објава во Службен весник на сите правилници за обрасците за пресметка на платата и субвенцијата, донесена е одлука за пролонгирање на сите барања.

„Поради подоцнежна објава во Службен весник на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година“, известуваат од Управата за јавни приходи.

Како додаток на изјавата од УЈП стои дека одложувањето е и поради масовно поднесување на барањата веднаш по поставувањето на обраасците на интернет страницата, што придонело до преоптоварување на системот.