Роналдо и Џорџина добија поддршка откако го изгубија детето: „Твојата болка е и наша болка“

ИЗВОРНов Лист
|

Меѓу многуте фанови имаше и многу познати личности и колеги и пријатели на Роналдо. Од Усеин Болт до фудбалски колеги како Маркус Рашфорд, Гери Линекер, Лукас Васкез и Фелипе Мело

Веста дека Кристијано Роналдо (37) и неговата свршеница Георгина Родригез (28) го загубија синот ги преплави и социјалните мрежи, а многумина во овие тешки моменти им дадоа пораки со поддршка во коментарите.

Меѓу многуте фанови имаше и многу познати личности, колеги и пријатели на Роналдо како и неговиот фудбалски клуб.

– Вашата болка е наша болка. На семејството во моментов испраќаме љубов и сила – му порачаа од Манчестер Јунајтед.

– Најдлабоко сочувство до тебе и целото твое семејство – напиша водителот Пирс Морган (57).

– Пријателе, ти ги испратив моите молитви и моите чувства во ова тешко време. Господ нека ви ги утеши срцата и нека ви го просветли секој чекор – му порача поранешната фудбалска легенда Пеле (81).

Меѓу познатите се најдоа и Усеин Болт (35), како и фудбалските колеги Маркус Рашфорд (24), Гери Линекер (61), Лукас Васкез (30), Фелипе Мело (38).