Заминувањето на Роналдо од Јувентус деновиве беше главна тема кај многу фанови.Главна причина за која Јувентус сака да го отстрани португалскиот фудбалер е неговата голема плата.
Голем дел од англиските медиуми, како и „ЕСПН“, денес објавија дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед. Роналдо во Јувентус дојде за на тимот да му ја донесе Лигата на шампионите во кое досега не успеа. Неговата плата од 31 милион евра по сезона носи голем терет за клубот поради моменталната глобална ситуација.
Роналдо моментално е расположен за враќање во Јунајтед, меѓутоа под еден услов, да потпише едногодишен договор, трвдат Англичаните.
Инаку, висината на сумата за трансфер наводно треба да изнесува 100 милиони евра.