Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за 15. место на Светското првенство (СП) во Германија и Данска затоа што во мечот со Русија во Президент купот доживеа пораз (30-28), а по поразот од „зборнаја“, забележана е негативна статистика.
Во последната деценија и настапите на Мундијалите, нашиот национален тим за првпат загуби од сите европски селекции, што најавува и тежок настап на следното Европско првенство, за кое се бориме да се квалификуваме.
Во последните десет години Македонија има настапи на пет од вкупно шест Светски првенства. Во 2009 година, нашиот национален тим во групата ги победи Полска и Русија, а на следното СП во 2013 година, во групата имавме едно реми со Русите.
На СП 2015 во Катар, од европските селекции во групата беа совладани БиХ и Австрија, додека на СП 2017 во Франција, во групата од дуелите со европејците имавме едно реми со Исланд.
На претстојниот Мундијал, Македонија во дуелите со европските селекции загуби со Хрватска, Шпанија и Исланд, а во Президент купот доживеа пораз и од Русија. Последниот меч во разигрувањето за пласман ќе донесе дуел со неевропска селекција – Катар или Чиле.