Сака повторно да биде српска снаа? – Адријана Лима тајно го снимила Новак и тоа го споделила на социјалните мрежи! Што на ова ќе каже Јелена Ѓоковиќ?

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најубавите жени на денешницата и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима, на својот Инстаграм профил споделила видео снимка од тренингот на Новак Ѓоковиќ во Марбељ.

Тоа што е интересно е фактот што снимката на Лима е направена надвор од теренот, така што Новак не можел да забележи дека таа го снима.

Таа сето тоа го споделила на социјалните мрежи, но без нејзин конкретен коментар. Секако, веднаш потоа по социјалните мрежи се појавиле коментари од нејзините фанови кои воглавно коментирале дека таа “шпионирала“ и дека повторно сака да биде српска снаа.

Да потсетиме дека Адријана Лима се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ по големата и долгогодишна љубов која ја крунисале со брак од кој имаат две мали деца, поточно две ќерки – Сиена и Валентина.

Останува прашањето како сопругата на Новак ќе реагира на оваа “шпионажа“ на популарната манекенка.

Видеото погледнете го ТУКА.