Сакате неверојатно жолти велигденски јајца, но никогаш не ја добивате посакуваната боја? – Ова е тајната

|

За брзо ни доаѓа најголемиот христијански празник Велигден, па домаќинките веројатно веќе се подготвуваат за бојадисување на велигденските јајца и собираат идеи. Доколку сте и вие едни од оние кои ги обожуваат жолтите велигденски јајца но никогаш не можат да ја добијат посакуваната нијанса во продолжение ви претставуваме еден многу лесен, и што е најважно, сосема природен начин на бојадисување.

Оваа година наместо да купувате бои за јајца, свртете се кон природните сорти.

Освен зеленчук и овошје, можете да користите и зачини за бојадисување јајца. Но, знаевте ли дека со помош на куркума можете да добиете убава жолта нијанса? Еве како:

Потребно (за три јајца):Јајца, Зачин од куркума (две лажици), 7,5 dl водам Оцет и Малку сол.

Подготовка: 1. Измешајте го зачинот, зовриената вода, лажица оцет, малку сол и потопете ги јајцата. 2. Во сад со природна боја потопете ги однапред сварените јајца и оставете ги неколку часа да се впие бојата.

3. Потоа извадете ги јајцата и тапкајте ги со марамче. 4. Кога јајцата целосно ќе се исушат, намачкајте ги со масло за подобро да блеснат.

Колку подолго остануваат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде бојата.

Целата процедура погледнете ја во видеото: