Санчо со новиот гол сруши рекорд во Бундеслигата стар дури 51 година!

|

Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен во дербито со РБ Лајпциг одигра 3:3.

„Милионерите“ имаа водство од 2:0 по првото полувреме, но во продолжението му подарија два гола на Лајпциг кој дојде до 2:2.

Сепак, две минути подоцна Џејдон Санчо погоди за 3:2, а конечниот резултат го постави Шик во 78. минута.

Санчо со новиот гол во дресот на Борусија Дортмунд сруши рекорд во Бундеслигата стар дури 51 година.

Со 19 години и 267 дена младиот Англичанец дојде до својот 22. гол во Бундеслигата и така го надмина Хорст Копелс кој во 1968. година до таа бројка дојде на возраст од 19 години и 269 дена.

Џејдон Санчо во 2017. година пристигна од Манчестер Сити во Борусија Дортмунд и минатата сезона имаше фантастични игри.

Тоа продолжи и оваа сезона, па така Санчо запиша 23 настапи за Борусија и забележа 12 гола, а има и 13 асистенции.