Маурицио Сари очигледно подготви добра тактика за дуелот меѓу Интер и Јувентус, а на крајот неговите фудбалери го добија дербито со 2:1.
По средбата, искусниот стручњак потенцира дека она што најмногу го радува не е табелата, туку напредокот на неговиот тим.
– Преземањето на првото место во моментов има мало значење. Она што е најважно е дека игравме добро, со карактер и посветеност против состав кој досега победи на сите средби.
– Мислам дека екипата напредуваше во однос на перформансот при додавањата, но мора повеќе да доминираме на натпреварите и уште повеќе да играме во противничката половина.
– Во однос на тактиката, можеби луѓето мислам дека сум глупав, но треба само внимателно да следат. Започнав со систем во Емполи кој подоцна го променив, во Наполи го трансформирав системот за три години, во Челси можеби играта беше слична, но беше целосно поинаква интерпретација. Тактиката мора да се адаптира на квалитетите на играчите, – потенцира Сари.