Се анализираат можностите за субвенции при купување нови возила

|

Во насока на остварување на стратешките цели на Владата за заштита на животната средина, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ги задолжила Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили, да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.